Seminarski i Diplomski Rad

So hrana do podobar imunitet (makedonski) 
Vrsta: Maturski | Broj strana: 15 | Nivo: OSMU

Содржина
Вовед........................................................................................................................ 3
Работата на имунолошкиот систем.................................................................... 4
Причини за пореметување и пад на имунолошкиот систем............................. 4
Природни препарати за подобрување на имунолошкиот систем................... 5
Совети за подобрување на имунолошкиот систем........................................... 7
Готови лекови за подобрување на имунолошкиот систем............................... 8
Imuno glukan……………………………………………………………….. 8
Selenium Immunace………………………………………………………... 9
Imunobor…………………………………………………………..……… 10
Imunobor Kids…………………………………………………...……….. 10
Respivax………………………………………………………...………… 10
Заклучок.............................................................................................................. 12
Прилози............................................................................................................. 13
Користена литература...................................................................................... 15
Вовед
Имунолошкиот систем претставува збир од органи, ткива и жлезди кои го штитат телото од туѓи супстанци. Во овие супстанци спаѓаат бактерии, вируси и други паразити и патогени кои предизвикуваат инфекција. Обично имунолошкиот систем е многу ефективен во одбраната на телото, но понекогаш можат да се случат грешки, што може да доведе до тешки последици. Резултатот може да е алергиска реакција со различна сериозност.
Човечкото тело е постојано нападнато од патогени или паразити. Имунолошкиот систем го штити човекот од овие супстанци на два начина: специфично и неспецифично. Неспецифичната одбрана, која ги вклучува кожата и мукозните мембрани, служи како прва одбранбена линија за превенција од навлегување на патогени во телото. Специфичната одбрана се активира тогаш кога микроорганизмите ќе ги поминат неспецифичните бариери и ќе извршат инвазија во организмот. За имунолошкиот систем да работи нормално мора да се случат две работи: прво, телото мора да препознае дека е инвадирано, било од патогени или токсини и второ, имуниот одговор мора да се активира брзо, пред туѓите супстанци да уништат многу телесниклетки. За имунолошкиот систем да одговори ефективно, неколку услови мораат да бидат исполнети, вклучувајќи ги и правилните заемнодејства на неспецифичната и специфичната одбрана. Неспецифичната одбрана ефективно ги уништува микроорганизмите, но доколку таа се покаже како неефективна и микроорганизмите навлезат во телото, тогаш специфичната одбрана влегува во акција. Таа функционира со откривање на антигенот и негово уништување.
Клеточната мембрана на секоја клетка поседува различни протеини кои заедно се познати како главен комплекс на хистокомпатибилност или ГКХ. ГКХ е некој вид на влезна шифра, бидејќи сите клетки во телото мораат да имаат идентичен ГКХ, така што телото ќе може да ги идентификува тие клетки како свои. Туѓ микроорганизам, како бактерија, нема ист ГКХ, па така имунолошкиот систем го алармира организмот дека е нападнат од туѓа честичка. Секоја индивидуа има негов или нејзин единствен ГКХ, и одговорот на имунолошкиот систем на туѓ ГКХ може да претставува проблем при трансплантацијата на органи.
Работата на имунолошкиот систем
Задачата на имунолошкиот систем е воочување, препознавање и уништување на патогени, материи или организми како што се бактерии и вируси кои се причини за болест. Кога патогените ќе навлезат во крвта прво наидуваат на белите крвни зрнца кои веднаш почнуваат да ги напаѓаат, а потоа бараат помош од другите бели зрнца наречени лимфоцити Б и лимфоцити Т. Лимфоцитите Б произведуваат антитела кои дирекно се борат со напаѓачите, а лимфоцитите Т делуваат на повеќе начини. Помагачките (регулаторни) лимфоцити Т ја активираат имунолошката реакција, цитостатичките кои уште се нарекуваат и клетки убијци ги уништуваат напаѓачите, а туркачките лимфоцити Т го надгледуваат целиот процес и кога е завршен ја прекинуваат работата на имонолошкиот систем.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!